Во израелски напади во Појасот Газа загинаа 32 лица, соопшти службата за цивилна заштита на палестинската енклава. Израел ги прошири воените операции во регионот, каде што повеќе од два милиони жители се изложени на катастрофални хуманитарни услови, пишува АФП.
Портпаролот Махмуд Басал информира дека меѓу загинатите има осум жртви од напад врз училишта во градот Газа, каде многу жители побарале засолниште. Осум лица загинаа и во напад близу центар за дистрибуција на помош во јужен дел на Газа.
Израелската армија не коментира конкретни напади без точни координати.
Овие напади следат откако Хамас најави подготвеност за преговори за американскиот предлог за прекин на огнот во Газа. Најавата доаѓа пред посетата на израелскиот премиер Нетанјаху на Вашингтон, додека американскиот претседател Трамп повикува на крај на војната.
Нападот на Хамас во октомври 2023 година предизвика смрт на 1.219 лица, главно цивили, според израелски извори. Од 251 заложник, 49 се сѐ уште во Газа, вклучувајќи 27 кои израелската војска тврди дека се мртви.
Во израелските напади што следеа, според Министерството за здравство во Газа, загинаа над 57.000 жители, претежно цивили.