УТРО.мк

Пожар во населбата Трајаново Трло кај Кочани – интервенираат противпожарни екипи [ФОТО]

Пожар во населбата Трајаново Трло кај Кочани – интервенираат противпожарни екипи [ФОТО]
Vero

Денес попладне избувна пожар во близина на местото викано Диви градби, во населбата Трајаново Трло во Кочани, објави Радио Кочани.

На терен се екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кочани, во соработка со доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани.

Во моментов нема информации за повредени лица, ниту за материјалнаta штета. Екипите остануваат на терен за целосно санирање на жариштето и спречување на поголема катастрофа
Надлежните апелираат до граѓаните за зголемена внимателност, особено во летниот период кога ризикот од пожари е значително зголемен.

Извор: Радио Кочани
Фото: Радио Кочани

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран