УТРО.мк

Засилен северен ветер и значителен пад на температурите во Македонија

Засилен северен ветер и значителен пад на температурите во Македонија
Vero

Денеска низ целата територија на Република Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поради брз продор на ладен воздух од северозапад. Според метеорологот Славчо Попоски, локално се очекуваат и ударни ветришта со брзина над 60 км/час, особено во Повардарието каде ветерот ќе биде најсилен.

Температурите наутро ќе бележат значителен пад, и тоа и до околу 15 степени во однос на претходните денови. Минималните утрински температури ќе се движат од 7 до 18 степени во најтоплите предели, како што е Повардарието, додека во Скопскиот регион наутро ќе има околу 15 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат од 23 до 30 степени, додека во Скопје се очекуваат до 28 степени.

Метеорологот апелира граѓаните да бидат внимателни при движењето, особено при силниот ветер, кој може да создаде проблеми.

Според најновите податоци од Европскиот прогностички модел (ECMWF), следната седмица се очекуваат врнежи, а се намалуваат шансите за екстремно топли бранови кои не се предвидуваат на повидок. Попоски нагласува дека со намалување на денот, се намалува и ризикот од високи температури, што ветува поладен период во наредните денови.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран