УТРО.мк

Поради пожар затворен дел од автопатот – сообраќајот пренасочен кон Петровец

Поради пожар затворен дел од автопатот – сообраќајот пренасочен кон Петровец
Vero

Пожар што избувна попладнево доведе до целосно затворање на автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучката Бунарџик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Сообраќајот во двата правца е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку Петровец.

Од МВР апелираат до граѓаните да не се движат кон овој потег додека не се создадат безбедни услови за нормализирање на сообраќајот.

„Граѓаните ќе бидат навремено информирани кога ќе биде дозволено движење по овој дел од автопатот“, велат од Министерството.

Екипи на противпожарната служба се на терен и работат на локализирање на пожарот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран