Неколку населени места во тетовскиот регион ќе бидат без електрична енергија на 17 јули (четврток) поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. Според најавата од надлежните, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот.
Без струја ќе останат:
село Џепчиште, поточно објектите што се наоѓаат во т.н. Македонско Маало
село Беловиште, каде прекинот ќе ги зафати објектите во близина на спортското игралиште
село Требош, во делот од селото што се наоѓа во сокакот спроти Везе Шари
Од компанијата која управува со дистрибутивната мрежа информираат дека се работи за планирани работи за подобрување на стабилноста и квалитетот на снабдувањето со електрична енергија. Граѓаните се замолуваат за разбирање и соодветна подготовка за привремените прекини.