УТРО.мк

Пеколна ноќ во Рудинци: Куќи уништени, струја нема, пожарот се враќа повторно!

Пеколна ноќ во Рудинци: Куќи уништени, струја нема, пожарот се враќа повторно!
Vero

Неколку куќи во селото Рудинци, општина Старо Нагоричане, се целосно уништени во жесток пожар што избувна во петокот вечерта, потврди командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски. Дел од опожарените куќи биле населени, а дел празни, но точниот број сè уште се утврдува.

Пожарот се ширел со неверојатна брзина, зафаќајќи непристапни ридови и долови и дури стигнал до железничката пруга, движејќи се кон кратовското село Димонце. Пожарникарите, со само две возила и осуммина пожарникари, заедно со мештаните, се бореле со огнената стихија до три часот по полноќ.

„Пламените јазици се движеа толку брзо што не можеше да се предвиди каде ќе удрат следно. Ситуацијата беше критична“, изјави Трајковски.

Поради уништени електрични столбови и трансформатор, селото остана без електрична енергија. Иако пожарот беше изгаснат во текот на ноќта, следниот ден избувнал нов пожар – на друга локација, што буди сомнеж дека можеби се работи за намерно подметнување.

На среќа, нема повредени или загинати, но материјалната штета е значителна. Во наредните денови ќе следи теренска проценка и официјален извештај за последиците. Состојбата засега е под контрола, но неколку жаришта сè уште тлеат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран