УТРО.мк

Пекол на сите страни: Огнот стигна и до Скопје, пожарите не стивнуваат низ државата!

Пекол на сите страни: Огнот стигна и до Скопје, пожарите не стивнуваат низ државата!
Vero

Ситуацијата со пожарите на отворен простор низ земјава и денеска останува критична. Според Центарот за управување со кризи, до 12:15 часот на 13 јули се регистрирани 14 пожари, од кои четири сè уште беснеат, додека останатите се локализирани или изгаснати.

Активни пожари се бележат во четири општини:

Во с. Николич (Дојран) гори нискостеблеста шума Во Пелинце (Старо Нагоричане) се шири огнот низ ниска вегетација Во с. Девич (Македонски Брод) пламените јазици зафатија деградирана шума и сува трева Најново жариште е пријавено во Гази Баба, во близина на гробиштата Камник

Два пожари се локализирани — во Чучер Сандево и Велес, додека три се под контрола во поширокиот регион на Македонски Брод и Крушје.

Добра вест е што пет пожари се целосно изгаснати, меѓу кои и кај Гостивар, Ресен, Куманово и Охрид.

Надлежните апелираат за внимателност, додека температурите растат, а ризикот од нови пожари останува екстремно висок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран