Општина Битола со ребалансот на буџетот за 2025 година најави реализација на седум нови инфраструктурни проекти за подобрување на паркирањето во градот. Во план е изградба на шест нови паркинзи и нова улица со современ паркинг во близина на болницата „Плодност“.
Со овие проекти, градот ќе добие над 150 нови паркинг-места на следните локации:
Кај „Ат Пазар“
Кај „Кифлата“
Кај „Овчи пазар“
Кај „Хеликоптерот“
Улица со современ паркинг кај болницата „Плодност“
Во касарна АРМ На улица „Браќа Џаферови“
Од Општината порачуваат дека овие зафати ќе овозможат полесно и побезбедно движење за граѓаните и ќе придонесат кон поурбан и уреден изглед на Битола.
„Заедно за поубава Битола“, порачуваат од Општината.
