УТРО.мк

Општина Прилеп организира еко-акција „Еко мисија – твојот потпис за природата“

Општина Прилеп организира еко-акција „Еко мисија – твојот потпис за природата“
Vero

Општина Прилеп, во соработка со ЈКП „Комуналец“, сите јавни претпријатија, образовни институции и општествено одговорни компании, ја организира еко-акцијата „Еко мисија – твојот потпис за природата“.

Акцијата ќе се одржи во сабота, на 15 ноември, со поаѓање во 8:30 часот пред НУЦК „Марко Цепенков“. За учесниците се обезбедени ќеси, заштитни ракавици и организиран превоз, а единствено е потребна добра волја.

Главните локации на кои ќе се насочи еко-акцијата се делот кон Вештачкото езеро, излетничкото место кај село Селце и околу месноста Волково, каде што се забележани најмногу отпад и диви депонии.

Општината ги повикува сите граѓани да се приклучат и заедно да придонесат за почист и поубав Прилеп. „Ве очекуваме во сабота да го исчистиме Прилеп и да не создававме отпад“, порачуваат од Општина Прилеп.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран