УТРО.мк

Коњановски: Битола добива современ пристап кон управувањето со отпад

Коњановски: Битола добива современ пристап кон управувањето со отпад
Vero

Битола, 13.11.2025 – ЈП Комуналец Битола започнува со реализација на проектот RU READY, 24-месечна прекугранична иницијатива која промовира циркуларна економија и одржливо управување со отпад. Проектот се спроведува во рамките на INTERREG VI-A ИПА програмата „Грција – Македонија 2021-2027“ и е кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на двете земји со вкупен буџет од 851.754,18 евра.

Во рамките на проектот, ЈП Комуналец ќе воспостави првиот Центар за повторна употреба во Македонија, кој ќе им овозможи на граѓаните да донираат материјали и производи наместо да ги фрлаат, а истовремено ќе можат бесплатно да подигнат и користат материјали кои им се потребни.

„Со ова, ја правиме Битола првиот град во земјата што воведува ваков современ пристап кон управување со отпад. Проектот директно ги таргетира домаќинствата и граѓаните, околу 85.000 жители во Битола, кои ќе усвојат нови навики за рециклирање и повторна употреба во нивниот секојдневен живот“, истакна градоначалникот Тони Коњановски.

Проектот RU READY претставува важен чекор кон позелена иднина, нови работни можности и зголемена еколошка свест. „Веруваме дека преку соработка и заеднички напори на институциите, граѓаните и локалните бизниси можеме да придонесеме за почиста животна средина и поодржлива заедница“, додаде Коњановски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран