УТРО.мк

Јовица Илиевски официјално продолжува како градоначалник на Брвеница

Јовица Илиевски официјално продолжува како градоначалник на Брвеница
Vero

Општинската изборна комисија на Брвеница му го додели уверението на Јовица Илиевски, со што тој од денес официјално започнува со работа во рамки на својот втор мандат како градоначалник.

Илиевски по доделувањето истакна дека ќе продолжи со работа со истото темпо како во првиот мандат, со фокус на заедништво и соработка меѓу сите заедници во општината.

– Ќе продолжиме со работа, со заеднички сили, без поделби и без предрасуди. Имаме започнати проекти кои ќе ги завршиме, а Општина Брвеница ќе продолжи да биде општина за сите – Македонци, Албанци и останати, рече Илиевски.

Градоначалникот нагласи дека приоритет останува реализацијата на започнатите проекти и создавање на средина каде што сите жители ќе се чувствуваат еднакво вклучени во развојот на општината.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран