УТРО.мк

Општина Битола: Отворен јавен повик за учество во „Зимска приказна 2026“

Општина Битола: Отворен јавен повик за учество во „Зимска приказна 2026“
Vero

Општина Битола објави јавен повик за сите заинтересирани правни и физички лица кои сакаат да бидат дел од организацијата и реализацијата на новогодишната манифестација „Зимска приказна 2026“. Целта е да се збогати културната и туристичката понуда на градот во пресрет на дочекот на Новата година и да се создаде празнична атмосфера за сите граѓани и посетители.

Според повикот, право на учество имаат домашни субјекти кои делуваат во областа на културата и културниот туризам. Аплицирањето се врши со доставување на пополнета апликација и изјава за согласност, кои треба да бидат потпишани и испратени по електронски пат на е-маил адресата [email protected], или физички во архивата на Општина Битола на шалтер број 3, во работно време од 7:30 до 15:30 часот.

Изборот на учесниците и настаните ќе го спроведе Комисија за селекција и евалуација формирана од градоначалникот на Битола. Комисијата го задржува правото да направи финален распоред на програмата.

Потребните документи и критериумите за избор се достапни на официјалната веб-страница на Општина Битола: https://www.bitola.gov.mk/zimska-prikazna-2026/

Со оваа иницијатива, Општина Битола ја продолжува традицијата на организирање празнични настани кои ја промовираат локалната култура, креативност и заедништво под празничните светла на градот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран