Американското Министерство за правда подготвило таен извештај во кој се наведува дека американскиот воен персонал кој учествувал во нападите врз бродови во Карипското Море нема да сноси правна одговорност, објави весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на свои извори.
Според извештајот, меѓу септември и ноември, САД повеќепати ја користеле војската за уништување на чамци за кои постоело сомневање дека превезуваат дрога во близина на брегот на Венецуела.
NBC исто така објави дека американската армија разгледува можност за таргетирање на трговци со дрога во рамките на Венецуела, што би можело да започне во наредните недели.
Во написот се наведува дека „Канцеларијата за правно советување на Министерството за правда, во тајно мислење издадено летово, утврдила дека воениот персонал вклучен во нападите врз бродови осомничени за трговија со дрога нема да биде предмет на кривично гонење“.
Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит, на 19 август изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп е подготвен да распореди „сите елементи на американските сили“ во борбата против трговијата со дрога, вклучувајќи и можни воени операции во Венецуела.
Каракас ги оцени овие акции како провокација и прекршување на меѓународното право, додека Трамп претходно ги потврдил овластувањата на ЦИА за спроведување тајни операции во Венецуела насочени кон дестабилизација на владата на претседателот Николас Мадуро.




![Трамп го попрска сирискиот претседател со својот мирис, па го праша колку жени има [ВИДЕО]](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/screenshot-2025-11-13-125723.png&w=640&q=75&we)


















