Медицинска сестра од онколошкиот оддел на Клиника Фаворитен во Виена е осомничена дека пациентка болна од канцер била убиена со предозирање на лекови.
Државното обвинителство во Виена води истрага за убиство што се случило во септември 2025 година. Според австрискиот весник Falter, на 17 септември, за време на смена на одделот, сестрата наводно ѝм рекла на колешките: „Можеме да ѝ дадеме повеќе лекови на госпоѓа Р., па ќе заврши побрзо.“
Ден претходно, тешко болната пациентка сè уште можела да зборува, била свесна и ориентирана. Но истата ноќ нејзината состојба се влошила, почнала да има тешкотии со дишењето, а наредното утро починала.
Портпаролката на обвинителството во Виена, Нина Бусек, потврди дека се води истрага против една медицинска сестра поради сомнеж за убиство. Истрагата во болницата се однесува и на две други сестри кои во меѓувреме добиле отказ.
Се сомнева дека осомничената сестра намерно ѝ дала поголема доза аналгетици и седативи на пациентката и тоа не го внела во медицинската документација, додека другата сестра наводно забележала што се случува.
Истражителите проверуваат дали дозата била намерно зголемена со цел да се забрза смртта и дали тоа било признаено пред колешка.
Во болницата се испитува и смртта на друг пациент, а според добро информирани извори, се разгледува и ексхумација, но нема официјална потврда.
Инаку, на онколошкиот оддел една сестра била дисциплински казнета поради грубо постапување кон пациентки. По завршување на интерните постапки, работните односи со медицинските сестри се раскинати бидејќи е утврдено дека примена на лекови делумно не била правилно документирана, што претставува кршење на интерните прописи.




![Трамп го попрска сирискиот претседател со својот мирис, па го праша колку жени има [ВИДЕО]](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/screenshot-2025-11-13-125723.png&w=640&q=75&we)










![Трамп го попрска сирискиот претседател со својот мирис, па го праша колку жени има [ВИДЕО]](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/screenshot-2025-11-13-125723.png&w=256&q=75&we)







