На 12.11.2025 во 15:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 43-годишен маж од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на неговата 33-годишна сопруга, со која е во бракоразводна постапка. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.























