УТРО.мк

Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол

Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол
Vero

На 12.07.2025 во 00.44 часот во Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода М.Т.(36) од Македонски Брод. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер” со регистарски ознаки од Македонски Брод, кое М.Т. го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,52 промили алкохол во крвта.

Исто така, денеска (12.07.2025) во 00.23 часот на ул.„Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишија од слобода В.В.(18) од с.Бориево, општина Босилево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувала В.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта. Лицата се исклучени од сообраќај и по целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран