УТРО.мк

ЦУК: 38 пожари на отворено за едно деноноќие – три сѐ уште активни

ЦУК: 38 пожари на отворено за едно деноноќие – три сѐ уште активни
Vero

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои три се сѐ уште активни, пет се ставени под контрола, а 30 се целосно изгаснати, информираше утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според извештајот, активни пожари има во:

с. Николич, општина Дојран – низок шумски појас с. Џидимирци, општина Велес – мешана шума просторот меѓу селата Црешнево, Крапа и Локвица во Македонски Брод – деградирана дабова шума и грмушки

Пожари кои се ставени под контрола се забележани во Слатина и Слатински извори (Македонски Брод), с. Блаце – с. Горњани (Чучер Сандево), и на две локации во општина Долнени – селата Црнилиште и Дебреште, каде гореле депонии.

Најголемиот дел од пожарите, вкупно 30, се успешно изгаснати. Се работи претежно за опожарени ниски вегетации, отпад, гранки и стрништа, а во некои случаи и за мешани или нискостеблести шуми. Пожари се пријавени во општините Куманово, Струмица, Битола, Прилеп, Крива Паланка, Радовиш, Велес, Ресен, Гевгелија и други.

ЦУК апелира до граѓаните за зголемена внимателност и воздржување од палење отпад и растителен материјал на отворено, особено во услови на високи температури и ветер. Институциите остануваат во состојба на зголемена готовност.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран