Германското Министерство за одбрана денес официјално ги демантираше извештаите дека земјата планира да купи дополнителни 15 ловци Ф-35. Портпаролот на министерството изјави дека во моментов нема нови планови освен веќе договорените 35 авиони.
Ова следува откако бриселскиот портал „Политико“ објави, повикувајќи се на извори блиски до преговорите, дека Германија размислува да ја зголеми својата флота американски авиони од 35 на 50.
Дискусиите меѓу Берлин и Вашингтон доаѓаат во контекст на тензиите меѓу Германија и Франција околу француско-германскиот проект за нови борбени авиони FCAS. Франција, според извештаите, инсистира на поголемо учество и удел во договорот.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека прашањето ќе биде разјаснето во наредните месеци, додека FCAS проектот сè уште е во рана фаза и пробниот лет не се очекува пред 2028-2029 година.