УТРО.мк

Мицкоски: Во првите 5 месеци од годинава бројот на туристи е зголемен за 16% споредено со лани- туризмот останува во фокусот на Владата

Мицкоски: Во првите 5 месеци од годинава бројот на туристи е зголемен за 16% споредено со лани- туризмот останува во фокусот на Владата
Vero

Премиерот на Владата Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на реконструираната наколна населба во Заливот на коските во Охрид на новинарско прашање даде свој коментар за растот на секторот на туризмот во периодот од јануари до мај оваа година, споредено со претходната.

„Јас сум исклучително задоволен од бројките кои што се реализираат во првите 5 месеци од годината. Државниот завод за статистика вчера објави бројки во кои што во месец мај оваа година споредено со месец мај минатата година има повеќе од 22% туристи и повеќе од 15% ноќевања. Ако се гледа периодот од јануари до мај, првите 5 месеци од годината, имаме за 16 % повеќе туристи и отприлика за 12 % повеќе остварени ноќевања. Тоа преставува добар мотив за сите нас да продолжиме во таа насока“, соопшти премиерот Мицкоски.

Тој дополни дека во фокусот и оптиката на оваа влада продолжува да биде и сегментот на туризмот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран