Градоначалникот Тони Коњановски денес го посети штандот „Предложи идеја“, каде граѓаните имаа можност директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобрување на општината.

„Секој глас е важен, секоја идеја може да значи промена! Заедно градиме визија и чекориме кон поубава и посилна Битола“, порача Коњановски.

Овој настан е дел од активностите за вклучување на граѓаните во креирањето политики и проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот во општината.