Во Струга за претстојните Локални избори 2025, закажани за 19 октомври, поднесени се пет независни кандидатури за градоначалник и три независни советнички листи.
Рокот за собирање потписи за независни кандидатури заврши ноќеска, потврдија од подрачното одделение на Државната изборна комисија во Струга.
Кандидатурите за градоначалници и советнички листи поддржани од политички партии може да се доставуваат до 13 септември, по што јавноста ќе биде запознаена со сите потврдени листи.