УТРО.мк

Маск ја крена Германија на нозе: Гласајте за АфД или е крај!

Маск ја крена Германија на нозе: Гласајте за АфД или е крај!
Vero

Американскиот милијардер Илон Маск на платформата Икс објави порака пред локалните избори во Северна Рајна-Вестфалија, во која напиша: „Или Германија ќе гласа за АфД или тоа ќе биде крај за Германија“. Германските медиуми ја оценуваат оваа објава како мешање на Маск во предизборната кампања во корист на десничарско-популистичката партија Алтернатива за Германија (АфД).

Маск реагирал на заедничката изјава на Христијанско-демократската унија, Социјалдемократската партија, Зелените и други партии, кои истакнаа дека не сакаат изборната кампања да се води „на грбот на мигрантите“. АфД не беше поканета да учествува во иницијативата, а платформата „Европски конзервативци“ ја нарече тоа ограничување на слободата на говорот, истакнувајќи дека АфД е единствената партија што јавно зборува за миграциските прашања.

Локалните избори на 14 септември се сметаат за прв тест за расположението на гласачите по доаѓањето на Христијанско-демократската Влада на Фридрих Мерц на власт во мај.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран