УТРО.мк

Коњановски оствари средба со шпанскиот амбасадор

Коњановски оствари средба со шпанскиот амбасадор
Vero

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола и актуелен градоначалник, денес сподели детали од средбата со амбасадорот на Кралството Шпанија, н.е. Рафаел Соријано Ортиз, кој е голем љубител на спортски настани. Амбасадорот престојува во Битола поради натпреварот од Лигата на шампиони помеѓу Еурофарм Пелистер и Барселона.

Во пријателска атмосфера, Коњановски и амбасадорот размениле впечатоци за синоќешниот ракометен спектакл, истакнувајќи ја исклучителната спортска и навивачка атмосфера во Битола. Амбасадорот особено бил впечатен од коректноста на публиката кон шпанскиот тим, кој иако победил, добил позитивен впечаток од битолската публика.

„Битола живее за ракометот и спортот. Како локална самоуправа, посветуваме особено внимание на развојот на условите и можностите за спортот, за негово постојано надградување. Битола е град на спортот“, истакна Коњановски.

Со вакви иницијативи и поддршка на спортот, градот продолжува да се афирмира како центар на спортски настани и позитивни искуства за граѓаните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран