УТРО.мк

Проданоски: 88 милиони денари за нова медицинска опрема во прилепската болница „Борка Талески“

Проданоски: 88 милиони денари за нова медицинска опрема во прилепската болница „Борка Талески“
Vero

Подобрувањето на условите во здравството останува врвен приоритет, порача кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, по денешната посета на Општата болница „Борка Талески“.

Проданоски, заедно со министерот за здравство Азир Алиу, заменик-министерот Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, најави дека болницата ќе добие нова медицинска опрема во вредност од 55 милиони денари обезбедени од Министерството за здравство, како и донирана опрема вредна 33 милиони денари.

„Ова е значаен чекор кон подобрување на условите за работа и унапредување на здравствените услуги за граѓаните на Прилеп и околината“, изјави Проданоски.

Тој нагласи дека со овие инвестиции здравствениот систем во Прилеп ќе стане поефикасен и подостапен за сите граѓани, а медицинскиот персонал ќе има подобри услови за работа.

Проданоски ја заврши посетата со порака дека вложувањето во здравството е вложување во иднината на секој град и секоја заедница.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран