УТРО.мк

Софија со демарш до Братислава поради изјавите на словачкиот претседател во Скопје

Софија со демарш до Братислава поради изјавите на словачкиот претседател во Скопје
Vero

Посетата на словачкиот претседател Петер Пелегрини на Македонија и неговите изјави дадени на заедничката прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска Давкова предизвикаа остри реакции во Софија. Бугарското Министерство за надворешни работи му врачи демарш на словачкиот амбасадор во Софија, Васил Гривна, изразувајќи „длабока збунетост и разочараност“ поради ставовите на Пелегрини во врска со европската интеграција на Македонија.

Според официјална Софија, изјавите на словачкиот претседател ја доведуваат во прашање валидноста на Европскиот консензус од јули 2022 година и претставуваат поддршка на, како што велат, „контрапродуктивната реторика на македонската влада“.

„Длабоко сме разочарани што земја-партнер ја промовира реториката на Скопје, кое постојано бара виновници за застојот во процесот на европска интеграција. Таквиот став не е во интерес на стратешката визија на ЕУ, ниту на самите граѓани“, се наведува во реакцијата од бугарското МНР.

Во пораката до официјална Братислава се потенцира дека напредокот на секоја земја кандидатка зависи исклучиво од исполнувањето на критериумите и спроведувањето на договорените обврски.

Пелегрини, пак, во Скопје јавно ја критикуваше Европската Унија за „двојни стандарди“ и „непринципиелно одолговлекување“ на процесот на проширување.

„ЕУ прави голема грешка што поставува нови услови за земја што веќе 20 години е во процес на интеграција. Вие сте дел од Европа и ние ќе ве поддржуваме на сите можни начини“, изјави словачкиот претседател.

Тој додаде дека интеграцијата на Македонија не треба да зависи од политички спорови, туку од исполнување на Копенхашките критериуми, предупредувајќи дека „геополитичките игри во проширувањето би биле голема грешка на Унијата“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран