УТРО.мк

Коњановски: Летната пракса им дава на студентите шанса за практично искуство и придонес во развојот на Битола

Коњановски: Летната пракса им дава на студентите шанса за практично искуство и придонес во развојот на Битола
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес им посака успешна работа на 44 студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ кои ќе реализираат летна универзитетска пракса во општинските одделенија и јавните претпријатија.

Овој проект, кој се спроведува по трет пат, годинава привлече најголем интерес досега, со рекорден број на избрани практиканти. Практичната работа ќе трае во текот на јули, август и септември, а студентите ќе добиваат месечен надоместок од 10.000 денари обезбеден од буџетот на Општина Битола.

Коњановски истакна дека преку оваа иницијатива студентите ќе имаат можност да ги применат теоретските знаења во реална работна средина и да се соочат со предизвиците на секојдневното работење. Тој нагласи дека праксата не само што ќе им овозможи стекнување вредни вештини, туку и ќе им даде можност активно да придонесат кон развојот на општината.

„Со воведувањето на универзитетската летна пракса, правиме значаен чекор напред – им даваме шанса на младите да бидат активни чинители во планирањето и спроведувањето на иницијативи. Верувам дека токму преку знаењето, посветеноста и ентузијазмот на студентите, можеме заедно да придонесеме Битола да стане уште поубаво и попривлечно место за живеење“, рече Коњановски.

Овој проект е дел од напорите на Општина Битола за поддршка на младите и унапредување на нивниот професионален развој преку практична работа и вклучување во институционалните процеси.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран