„Со еден куфер започнав нов живот на 55 години – денес сум посреќна од кога било“
Животната приказна на една 61-годишна жена стана вистински хит на социјалните мрежи, откако ја сподели својата одлука – на 55 години да го напушти сопругот и да започне одново, со само еден куфер. Денес, шест години подоцна, вели дека тоа било најдоброто нешто што го направила за себе.
„Цел живот се посветував на семејството. Бев грижлива мајка, трезвена, без лоши навики. Имам три деца и работев постојано, но секогаш сè вложував во нив и во домот, занемарувајќи ги сопствените желби“, раскажува таа.
Кога наполнила 55 години, децата веќе си заминале од дома, а таа сфатила дека е време да размисли за себе.
„Мојот сопруг никогаш не бил лош човек, но разликите меѓу нас беа сè поголеми. Тој не сакаше да патува, а јас отсекогаш сонував да го видам светот. Јас сакам животни, тој сакаше лов. Со тек на време останавме без ништо заедничко.“
Во септември му предложила развод – тој се согласил. Таа избрала мала гарсоњера, а тој останал во заедничката куќа. Два месеца подоцна се преселила – со само еден куфер.
„Тоа чувство – слобода, возбуда, надеж… Почнав да го уредувам станот, да го правам мојот сопствен простор. По толку години, конечно живеам за себе.“
Денес, оваа жена е разведена веќе шест години. Патува, оди на концерти и екскурзии, има две мачки и вели дека никогаш не била посреќна.
„Не сакам повторно брак – 33 години живеев заеднички живот. Сега сакам да бидам своја, со моите деца и новите авантури пред мене. Во септември ќе наполнам 61 и со нетрпение ги чекам новите хоризонти.“