УТРО.мк

Путин се огласи за судирот меѓу Израел и Иран: Испрати јасна порака

Путин се огласи за судирот меѓу Израел и Иран: Испрати јасна порака
Vero

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот телефонски разговараше со новоизбраниот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан, и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти Кремљ.

Разговорите се одржале во сенка на сериозната ескалација на конфликтот, предизвикана од израелските воени напади врз иранска територија.

Според соопштението од Кремљ, Путин изразил длабоко сочувство до иранскиот народ и раководство поради бројните жртви – вклучувајќи цивили – загинати во израелските напади.

Рускиот претседател остро ги осудил акциите на Израел, оценувајќи дека претставуваат кршење на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право.

Повик за дијалог и понуда за посредување

Во разговорот со премиерот Нетанјаху, Путин повикал на итен повраток кон преговори и решавање на сите прашања поврзани со иранската нуклеарна програма исклучиво преку политички и дипломатски средства.

Тој понудил Русија да преземе улога на посредник во дијалогот, со цел да се спречи натамошна ескалација и дестабилизација на Блискиот Исток.

Кремљ потврди дека двете страни се согласиле да одржуваат блиски контакти со Москва, како дел од напорите за наоѓање мирно решение на кризата, која, како што се предупредува, може да има катастрофални последици за целиот регион.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран