УТРО.мк

Коњановски: Ќе ја зајакнеме борбата против пушењето на локално ниво

Коњановски: Ќе ја зајакнеме борбата против пушењето на локално ниво
Vero

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на работилницата посветена на зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво.

Настанот беше организиран од Министерство за здравство, во соработка со Светска здравствена организација и Центар за семејна медицина, во контекст на новиот Предлог-закон за заштита од пушење и програмите за јавно здравје.

Во своето обраќање, Коњановски нагласи дека целта на работилницата е да се поттикне дијалог и подобра координација меѓу локалните институции, како и да се подготви Акциски план на ниво на Општина Битола за 2026 година. Планот ќе биде насочен кон зајакнување на мерките за контрола на тутунот, со посебен фокус на унапредување на работата и видливоста на советувалиштата за одвикнување од пушење и подобро информирање на граѓаните за достапните услуги.

Тој ја истакна значајната улога на општината во поддршката на активностите за унапредување на здравјето на населението, потенцирајќи дека локалната самоуправа има клучна улога во спроведувањето на ваквите политики.

„Како градоначалник, но и како доктор епидемиолог, ја изразувам целосната подготвеност – и лична и институционална – за уште поголем акцент во кампањите против пушењето како сериозен јавноздравствен предизвик“, истакна Коњановски.

Тој додаде дека Општина Битола веќе има успешна соработка со канцеларијата на СЗО во земјава, ресорното министерство и Центар за јавно здравје Битола, каде што веќе неколку години функционира советувалиште за одвикнување од пушење.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран