УТРО.мк

Мицкоски најавува дополнителни мерки доколку продолжи растот на цените на горивата

Мицкоски најавува дополнителни мерки доколку продолжи растот на цените на горивата
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата постојано ја следи ситуацијата со цените на нафтата и е подготвена да преземе дополнителни мерки доколку растот продолжи по завршувањето на тековната интервенција.

Во моментов, како што истакна Мицкоски, на сила е краткорочна двонеделна мерка која го намалува ДДВ-то на горивата од 18 на 10 проценти, што директно влијае врз цените на пумпите. „Ќе ја следиме состојбата и понатаму и, ако растот на цените продолжи, следниот чекор ќе биде намалување на акцизите и маржите, односно трошоците за складирање и транспорт“, рече премиерот по отворањето на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје. Тој посочи дека вакви директни интервенции преку државниот буџет, како намалувањето на ДДВ-то, ретко се среќаваат во Европа.

На прашање за растот на платите, Мицкоски оцени дека последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат позитивен тренд, кој е охрабрувачки, но сè уште недоволен. „Секогаш е добро кога платите растат, вклучително и во јануари. Дали тоа е доволно? Не, секогаш треба повеќе. Наш приоритет е да ги намалиме трошоците за живот и инфлацијата, и истовремено да ги зголемиме примањата на вработените“, потенцираше премиерот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран