
Во просториите на Општина Аеродром денеска се одвива крводарителска акција што ги обединува општинската администрација и граѓаните, а е реализирана во партнерство со ЈЗУ ГОБ „8 Септември“. Целта е да се создадат доволни резерви на крв и да се помогне на оние кои итно имаат потреба од неа.
Од Општината посочуваат дека ваквите акции не само што помагаат во обезбедување на крв за оние на кои им е најпотребна, туку и ја подигнуваат јавната свест за важноста на крводарувањето како хумана практика.























