
Во Општина Илинден заврши изградбата на новата централна кујна за градинката „Гоце Делчев“, а денеска градоначалникот Александар Георгиевски изврши увид во објектот. Со површина од 300 квадратни метри распоредени на два ката, кујната ќе може да подготвува над 600 оброци дневно, со што значително ќе се олесни секојдневното функционирање на образовните установи во општината.























