УТРО.мк

Дефект на автобус на ЈСП предизвика метеж во Бутел

Дефект на автобус на ЈСП предизвика метеж во Бутел
Vero

Утринскиот сообраќаен шпиц во Бутел денеска беше дополнително отежнат откако уште еден двокатен автобус на ЈСП излезе од функција и ја блокираше крајната десна лента на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Возилото остана заглавено во близина на автобуската постојка кај поранешната Албанска амбасада, принудувајќи ги возачите да маневрираат и да го заобиколуваат токму во најгустата фреквенција на сообраќајот.

Овие автобуси, кои беа дел од големата набавка реализирана во 2010 година преку договор со кинескиот производител „Zhengzhou Yutong Group“, пристигнуваа во Скопје во периодот од 2011 до 2013 година. Иако некогаш симбол на модернизацијата на јавниот превоз, денес сè почесто се причина за застои и проблеми.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран