УТРО.мк

Судир со полициско возило во Прилеп – МВР со детали

Судир со полициско возило во Прилеп – МВР со детали
Vero

Лишен од слобода прилепчанец, управувал возило без возачка дозвола и учествувал во сообраќајна незгода со полициско возило

На 24.03 2026 во 11:30 часoт во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Е.Ш.(21) од Прилеп. Претходно, на крстосница од ул.„Кузман Јосифоски“ со ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп, тој со возилото „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со службено патничко возило на МВР „пежо“, управувано од В.И.(31) од прилепско, во која била причинета материјална штета.

По преземени мерки е констатирано дека Е.Ш. го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување на моторно возило, односно без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран