УТРО.мк

Трагична сообраќајка синоќа во Македонија – едно лице загина

Трагична сообраќајка синоќа во Македонија – едно лице загина
Vero

Лишен од слобода возачот кој синоќа во Марино со возило удри пешак, кој почина на местото. 

На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, а возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран