
По заминувањето од челната позиција во Алијансата за Албанците, Зијадин Села најавува нов почеток на политичката сцена со формирање на нова партија под името „Албански сојуз“.
Во разговор за албанскиот весник „Лајм“, Села истакнува дека новата партија ќе ги продолжи идеалите и каузите што ги застапуваше Алијансата за Албанците. Тој нагласува дека неговиот тим нема намера да се повлече или да се откаже, напротив, тие ќе градат силен политички субјект од почеток.
„Не веруваме дека решението е во оставки или предавање. Јас лично ја основав оваа партија и таа веќе постои. Наречена е Албански сојуз, нејзините бои се црвено-црни и нема да се откажеме од оваа работа“, изјави Села, потенцирајќи дека духот и каузата на поранешната Алијанса ќе продолжат да живеат низ новиот политички проект.























