УТРО.мк

Делови од Центар и Шуто Оризари утре ќе бидат без струја

Делови од Центар и Шуто Оризари утре ќе бидат без струја
Vero

СКОПЈЕ – Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, во среда (25 март 2026 година) делови од општините Центар и Шуто Оризари ќе останат без електрична енергија во одредени временски периоди.

Според најавите, во општина Центар прекин на електричната енергија ќе има во периодот од 08:30 до 15:30 часот, при што без струја ќе останат корисниците на улицата „Хусеин Бајрам“.

Во општина Шуто Оризари, пак, прекин е најавен од 10:00 до 12:30 часот, а ќе бидат зафатени делови од улицата „Бутелски Венец“.

Од надлежните информираат дека прекините се поради технички интервенции со цел подобрување на стабилноста и квалитетот на електроснабдувањето.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран