
Иранската армија изведе нов бран ракетни напади насочени кон градовите Тел Авив, Негев, Рамат Ган и Бершеба, објави новинската агенција Тасним. Во нападите биле користени ракети „Хајбар Шекан“, „Имад“ и „Саџил“, како и беспилотни летала.
Иранските сили соопштија дека цел на акцијата биле локации во северните и централните делови на Тел Авив, како и во Негев и Бершеба. Според ИРГК, нападите ја пробиле израелската воздушна одбрана и предизвикале значителна штета, додека голем број жители биле принудени да поминат долго време во засолништа.























