УТРО.мк

Делови од Тетово и тетовско во среда без електрична енергија поради планирани прекини

Делови од Тетово и тетовско во среда без електрична енергија поради планирани прекини
Vero

ТЕТОВО – Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, во среда (25 март 2026 година) делови од Тетово и околните населени места ќе останат без електрична енергија во одредени временски интервали.

Според најавите, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат делови од градот Тетово, вклучително и објекти во близина на САГА, како и објекти на ЗИК Ладилник и ЗИК Млекара. Исто така, прекин ќе има и на улицата „Штипска“, на потегот од затворот кон Теќе.

Во истиот термин, од 09:00 до 14:00 часот, без напојување ќе останат и делови од селото Челопек, поточно делови од Долни Челопек, додека од 09:30 до 14:00 часот прекин ќе има и во делови од Горни Челопек, особено во околината на Горната џамија.

Дополнително, во периодот од 08:30 до 15:30 часот, планирани прекини се најавени и во селата Слатино, Варвара и Лешок.

Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите обврски и да преземат соодветни мерки за заштита на електричните уреди.

Електродистрибуција информира дека прекините се неопходни за подобрување на квалитетот и сигурноста на снабдувањето со електрична енергија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран