УТРО.мк

Општина Битола ги повикува инвеститорите да аплицираат за енергетски објекти

Општина Битола ги повикува инвеститорите да аплицираат за енергетски објекти
Vero

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори дека 1 април е краен рок за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1 мегават во Општина Битола.

Согласно Законот за енергетика, иницијативите се однесуваат на вклучување нови објекти во Годишниот план за изградба на енергетски капацитети за производство на електрична и топлинска енергија, како и за складирање на електрична енергија.

За објекти со инсталирана моќност еднаква или поголема од 1 мегават, рокот за поднесување документација е до 1 јуни, а барањата се доставуваат директно до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Надлежните посочуваат дека сите потребни обрасци и документација за поднесување иницијатива се достапни во Правилникот за изработка на Годишниот план за изградба на енергетски објекти.

Со оваа постапка се овозможува планирано и координирано развивање на енергетскиот сектор, со цел зголемување на домашното производство на енергија и поттикнување на инвестициите во обновливи извори.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран