
Љубопитноста на младите е најубав доказ дека расте генерација која сака да учи и да придонесува за својот град, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по денешната посета на ученици од шесто одделение од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“.

Учениците ја посетија Општината во рамки на наставната програма, при што имаа можност одблиску да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа и надлежностите на градоначалникот. За време на средбата, се разговараше за начинот на кој функционира Општината, обврските на локалната власт и процесот на носење одлуки кои се од значење за граѓаните.

Проданоски истакна дека искрените прашања и интересот што го покажале учениците се силен показател дека младите сакаат активно да бидат дел од општествените процеси.
„Ваквите средби се секогаш инспирација и потсетник дека треба постојано да работиме за да создадеме подобри услови за генерациите што доаѓаат“, нагласи градоначалникот.

Тој додаде дека вложувањето во младите и нивното образование е клучно за идниот развој на Прилеп и за создавање на одговорни и активни граѓани.























