УТРО.мк

Општина Битола: Во тек реконструкција на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“

Општина Битола: Во тек реконструкција на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“
Vero

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“.

Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која опфаќа фекална и атмосферска канализација, како и приклучоци за домаќинствата долж трасата.

По завршување на оваа фаза, ќе следува асфалтирање на улиците, со што ќе се подобрат условите за сообраќај и секојдневно функционирање на жителите.

За реконструкцијата на коловозот се издвоени 4.004.100 денари, додека за изградбата на канализационата мрежа се наменети 2.872.960 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Битола.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран