УТРО.мк

Николоски: Изградени 70% од браната Отиња – Истокот ќе добие прво туристичко езеро (ВИДЕО)

Николоски: Изградени 70% од браната Отиња – Истокот ќе добие прво туристичко езеро (ВИДЕО)
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски објави дека изградбата на браната Отиња е реализирана во 70 проценти, што претставува значаен чекор кон создавање на првото туристичко вештачко езеро во источниот дел од државата.

„Со реализацијата на овој проект, источна Македонија ќе добие нов туристички центар кој ќе придонесе за развој на локалната економија, нови работни места и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните“, нагласи Николоски.

Браната Отиња се смета за еден од клучните инфраструктурни проекти во регионот, со потенцијал да го трансформира Штип и околината во атрактивна туристичка дестинација.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран