
Извор: Дневник.хр
Конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Израел од една страна и Иран од друга навлезе во четврта седмица, без никакви индиции за намалување на тензиите. Техеран и понатаму го држи под контрола стратешки важниот Хормушки теснец, блокирајќи го морскиот сообраќај за бродови поврзани со Вашингтон, Тел Авив, земјите од ЕУ и нивните клучни партнери.
Во меѓувреме, израелската армија објави дека лансирала нова серија воздушни удари врз целите во иранската престолнина, со кои, според официјалните телa, ги гаѓа „темелите на терористичкиот режим“ во Техеран. Од израелска страна, засега нема потврда за точните цели или обемот на нападите.
На финансиските пазари се забележа силен пораст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека официјалните разговори меѓу Вашингтон и Техеран биле „исклучително конструктивни и фокусирани на деескалација на конфликтот“. Според него, преговорите отвораат пат за потенцијално запирање на воените операции.























