
Македонската машка ракометна репрезентација се подготвува за нов предизвик на патот кон Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи од 13 до 30 јануари. На големото финале ќе настапат 24 екипи, а четири места се веќе обезбедени: актуелниот шампион Данска и трите домаќини – Шпанија, Португалија и Швајцарија – кои нема да учествуваат во квалификациите.
За останатите 20 места ќе се борат 32 репрезентации, поделени во осум групи од по четири екипи. Македонија ќе ја чека својата ждрепка, бидејќи е сместена во вториот шешир, што значи дека нема да се соочи со Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка и Италија.
Системот на квалификации е јасен: првопласираните и второпласираните од секоја група автоматски ќе обезбедат учество на финалниот турнир, додека четирите најдобри третопласирани ќе го следат истиот пат.
Репрезентациите се поделени во четири шешири според рангот на ЕХФ:























