
Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација.

Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот ТЦ Петар Милошевски, кој ќе биде отворен за сите посетители. Почетокот е закажан за 16:00 часот.
„Ги покануваме сите навивачи да дојдат и да им дадат поддршка на нашите репрезентативци пред заминувањето за Копенхаген и натпреварот со Данска“, порача Омерагиќ.
Ова ќе биде можност за блиска средба на фановите со фудбалерите, кои се подготвуваат за важниот меѓународен предизвик.























