УТРО.мк

Народната банка организира конференција за централното банкарство во време на глобални промени

Народната банка организира конференција за централното банкарство во време на глобални промени
Vero

Народната банка на Македонија утре ќе ја организира големата Конференција на високо ниво на тема: „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“. Настанот, кој се одржува во соработка со Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), ќе собере гувернери, високи претставници на централни банки, меѓународни финансиски институции и академици во Скопје на 24 март.

Конференцијата е замислена како платформа за интензивна размена на знаења и искуства, каде што експертите ќе ги разгледуваат најсвежите предизвици со кои се соочуваат централните банки, како и нивната клучна улога во обезбедувањето стабилен и отпорен финансиски систем во време на глобална неизвесност.

Настанот ќе го отвори гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, а ќе има обраќања и од премиерот Христијан Мицкоски и генералниот секретар на SUERF, Ернест Ган.

Програмата вклучува низа панел-дискусии кои ќе се фокусираат на макроекономските политики, управувањето со светски економски шокови и практиките што централните банки ги користат за одржување на финансиската стабилност. Еден од централните панели ќе биде посветен на дигитализацијата и иновациите, каде учесниците ќе ја разгледуваат улогата на новите технологии во модернизацијата на централните банки и нивното влијание врз финансискиот систем.

Исто така, ќе се одржи панел за финансиска стабилност, каде што ќе се дискутираат макропрудентните политики, нивната координација со другите економски мерки и потенцијалните ризици на пазарот на недвижности. Експертите ќе споделат практични искуства за тоа како се користат инструментите за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран