УТРО.мк

Македонија издвои херојски бод против Австрија со гол во последна секунда во Брегенц

Македонија издвои херојски бод против Австрија со гол во последна секунда во Брегенц
Vero

Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 30-30 против Австрија во контролен натпревар одигран во Брегенц, во рамки на ЕХФ неделата.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаа одлични периоди од играта и во второто полувреме во неколку наврати водеа и со четири голови разлика, но не успеаја да ја задржат предноста до крајот.


Драмата кулминираше во самиот финиш, кога Австрија поведе со 30-29, но Македонија доби пенал во последните секунди. Капитенот Филип Кузмановски беше сигурен од седум метри и со звукот на сирената го постави конечниот резултат – 30-30.


Најефикасен во македонскиот тим беше токму Кузмановски со 10 постигнати голови, додека значаен придонес даде и Марко Митев со пет погодоци.


Првото полувреме заврши израмнето (15-15), а мечот беше важен тест за македонската селекција пред претстојните бараж натпревари за пласман на Светското првенство 2027.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран