УТРО.мк

ФФМ ги претстави новите дресови на Македонија

ФФМ ги претстави новите дресови на Македонија
Vero

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги претстави новите дресови на македонската фудбалска репрезентација, со кои националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светско првенство.

По повеќе од една деценија, во фокусот повторно се враќа жолтата боја, која, како што велат од ФФМ, не е само избор, туку чувство и симбол на препознатливост за навивачите.

„Боја што ја баравте – и ја враќаме заедно“, порачаа од Федерацијата, најавувајќи нов почеток и силна поддршка од трибините во клучните натпревари што следуваат.

Новите дресови се изработени од спортскиот бренд Adidas, кој стои зад дизајнот и техничките перформанси, со цел да обезбеди максимална удобност и квалитет за репрезентативците.

Со овој потег, ФФМ испраќа порака за обединување и враќање на традицијата, во пресрет на важните предизвици на патот кон Светското првенство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран