УТРО.мк

Трамп со остра порака до НАТО: „Без САД, алијансата е хартиен тигар“

Трамп со остра порака до НАТО: „Без САД, алијансата е хартиен тигар“
Vero

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп упати остри критики кон НАТО преку објава на социјалните мрежи, оценувајќи дека алијансата не покажала доволна подготвеност за заедничко дејствување во клучни моменти.

Во својата порака, Трамп наведува дека без Соединетите Американски Држави, НАТО е „хартиен тигар“, алудирајќи на слабост и недоволна ефикасност на сојузот. Тој ги обвини партнерите дека не сакале да се приклучат во, како што вели, борбата за спречување на нуклеарно вооружен Иран.

Американскиот претседател исто така посочи дека, и покрај тоа што „битката била воено добиена“, дел од сојузниците сега се жалат на високите цени на нафтата, без да придонесат за решавање на проблемите поврзани со клучните енергетски рути, вклучително и Ормутскиот теснец.

Трамп во објавата користеше и остар речник, обвинувајќи ги некои од сојузниците за недостиг на храброст и подготвеност за акција, нагласувајќи дека САД ќе го паметат однесувањето на партнерите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран